Фудбал
Мурињо потврди дека Белоти сака да премине во Рома
Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, потврди дека напаѓачот Андреа Белоти сака да се приклучи на клубот од Рим.
– Сè уште не знам дали можеме да го ангажираме Белоти. Можам да зборувам за него бидејќи е слободен агент. Среќен сум кога слушнав дека сака да дојде во Рома. Го ценам тоа. Нашиот спортски директор знае сè многу добро, изјави Мурињо за „Фудбал Италија“.
Белоти (28) минатата сезона одигра 22 натпревара во Серија А за Торино, постигнувајќи осум гола и асистенција.
Во летото тој одби да потпише нов договор и го напушти торинскиот клуб.