Connect with us

Фудбал

Мурињо сака клубот да го продолжи договорот со Сон

Лондон, 23 октомври 2020 (МИА) – Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо изјави дека би сакал да го продолжи договорот со напаѓачот Сон Хеунг Мин.

– Би сакал Сон да го обнови договорот. Според сегашниот договор, тој има уште три години, така што ситуацијата не е многу алармантна, но би било одлично да се потпише на подолг рок. Се надевам дека и самиот Сон сака да го продолжи престојот во Тотенхем. Сите во клубот го сакаат, тој заслужува нов договор, изјави Мурињо за „Goal.com“.

Во сезоната 2020/21, 28-годишниот репрезентативец на Јужна Кореја има девет голови и четири асистенции на осум натпревари. зс/