Фудбал
Мурињо со провокација: Сега сум двојно посреќен што не ја прифатив понудата на Милан
Рома беше поразена во Милано со 3:1, а тренерот на „римската волчица“ Жозе Мурињо ги испровоцира навивачите на Милан.
Мурињо на Сан Сиро беше пречекан со свирежи. Тоа не е чудно, бидејќи тој беше тренер на Интер. Своевремено изјави дека освен Интер, нема да води друг клуб во Италија, но призна дека пред три години имал понуда од Милан, за која сериозно размислувал.
-Три дена размислував за таа понуда. Сепак, од оваа перспектива, среќен сум што не ја прифатив. И по натпреварот сум двојно посреќен – изјави Мурињо.
Сепак, во меѓувреме тој го смени ставот кога е во прашање водењето на италијански тимови, па како што е познато, иако велеше дека освен Интер не би седел на клупата на друг клуб, сега е тренер на Рома.