Фудбал
Мурињо троши 45 милиони евра за засилување од редовите на нивниот голем ривал
Стоперот на Тотенхем, Тоби Алдервилд (29) кариерата ќе ја продолжи во Манчестер Јунајтед, а вредноста на трансферот се проценува на 45 милиони евра, објавија во британските медиуми.
„Спурси“ одлучиле да го продадат Алдервилд откако преговорите за продолжување на договорот не успеаја. Тотенхем му понудил годишна плата од седум милиони евра, два пати повеќе од неговата сегашна плата, но белгискиот фудбалер ја одбил понудата. Иако договорот на Алдервилд истекува за две години, Тотенхем одлучи да го продаде, бидејќи веќе најдоа замена, а тоа треба да биде 18-годишниот стоперот на Ајакс Матијас де Лигт.
Тотенхем го донесе Алдервирилд од Атлетико Мадрид летото 2015 година, а тогаш за него плати 15 милиони евра.