Фудбал
Мурињо заштеди огромни пари на Рома. „Поради него казната е помала“
Рома се казнети поради расистичките скандирања на нивните навивачи на натпреварот против Сампдорија. Да потсетиме, извиците „Циган“ упатени кон тренерот на Сампдорија, Дејан Станковиќ, одекнуваа низ стадионот во Рим се додека Жозе Мурињо не стана од клупата и не ја крена раката во нивна насока, давајќи им знак да молчат. Го послушаа.
Токму овој потег е причината поради која казната за Рома е 8.000 евра, а не повеќе. Спортскиот суд токму тоа го наведе во своето образложение, со напомена дека целата трибина грдо скандира.
„Казната е намалена бидејќи не се повторија извиците по интервенцијата на тренерот на Рома“, се наведува во образложението.
Станковиќ беше важен играч за Интер во деновите кога Мурињо го водеше тој тим. Под водство на Португалецот одигра 81 натпревар и постигна 10 гола, а беше клучен и во сезоната 2009/10. во кој Интер го освои италијанското првенство, купот и Лигата на шампионите.