Ракомет
МВП Карач преку видео порака се одјави, Чао Чао Скопје
По седум години верност со Вардар, Игор Карачиќ ја напушта Македонија и „црвено-црните“.
Тој се прости од навивачите на најдобар можен начин, со европска титула и многу важни голови во двете финалиња во Келн годинава, прво со Барселона каде се повреди, а ден подоцна и со Веспрем.
Тој на својот официјален профил објави видео со песната „We are the champions“ и напиша чао Скопје.
Од идната сезона ќе го носи жолтиот дрес на Кјелце.
Извор: sportclub.mk