Фудбал
Mypињo: Heмaшe пенал зa Aнглиja нa нaтпpeвapoт пpoтив Дaнcĸa!
Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, кој добро ја познава англиската репрезентација , изрази несогласување со досудениот пенал за Англија во полуфиналето на Европското фудбалско првенство 2020 против Данска. Токму по овој удар од пенал, Англија го совлада противникот и се пласираше во финалето.
„Да, неверојатен натпревар, но не сум сигурен дали сакате да го слушнете моето мислење. Би рекол дека имам различно гледиште што можеби не ви се допаѓа. Не е пенал. Подобриот тим победи и Англија го заслужи да победиме. Англија беше неверојатно, но мислам дека немаше пенал“, рече Португалецот.
„Подобриот тим победи, Англија беше подобра од Данска. Данска играше точно како што очекував од нив – на границата на нивните можности. Англија беше многу добра и нема сомнеж дека ја заслужија победата на овој натпревар. Но, според мое мислење тоа не беше пенал. На ова ниво, во полуфиналето на Европското првенство, не ја разбирам одлуката на судијата “, додаде тој.