Connect with us

Кошарка

МЗТ без многу проблеми го совлада Еуро Никел и го презеде врвот

Пеколниот финиш на првото полувреме и серијата 25-6 во финишот од втората и стартот на третата четвртина се покажаа како клучен фактор во убедливиот триумф на сино-белата чета на вечерашното гостување кај Еуро Никел (95-75).

Ова беше осма победа во низа за МЗТ Скопје Аеродром во пресметките против ривалот во ланското плејоф-финале, а шести триумф по ред во суперлигашкиот дел од годинешното првенство. Резултатската неизвесност на оваа средба траеше само до 14. минута, по што нашите момци ја зголемија агресивноста во одбраната и беа попрецизни во нападот, по што дојде огромната серија за предност од 20 поени (54-34), која потоа само беше одржувана на ниво за противникот да не ни помисли за било какво изненадување.

Немања Милошевиќ со 18 поени, седум скока и пет асистенции беше прво име кај аеродромци, Бре Ајви постигна 13 поени со седум скока, Дамјан Стојановски и Бојан Крстевски завршија со по 12 поени, додека двоцифрен поентерски ефект имаше уште и Адем Мекиќ со 11 поени.

Со оваа победа дојдовме до скор 25-4 и му зададовме задача на Пелистер, најголемиот ривал за првото место пред плејофот, да мора да слави на утрешното гостување кај ТФТ ако сака да се изедначи по бројот на бодови. Следен противник во Суперлигата ни е Феникс, меч закажан за в сабота на домашен терен (19 часот).

Реклама

Facebook