Connect with us

Кошарка

МЗТ Скопје му врачи отказ на тренерот, причина поразот во финалето од ТФТ

Дарко Радуловиќ повеќе не е тренер на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска му беше прекината соработката.

Главна причина за ваквата одлука на управата на клубот е неосвојувањето на трофејот во Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“, каде што МЗТ Скопје беше поразен во финалето од ТФТ (66-80). Радуловиќ дојде во тимот од Аеродром пред почетокот на минатата сезона како помошник на Ѓорѓи Кочов, по чие заминување седна на клупата како главен стратег, на која остана до денеска.

Предводниците на МЗТ Скопје Аеродром веќе работат на ангажирање на неговиот наследник, за што ќе имаат и доволно време, со оглед на паузата од две недели во домашното првенство поради настапот на репрезентацијата на Македонија .