Connect with us

Кошарка

МЗТ Скопје по 11-ти трофеј, историско финале за ТФТ

Екипата на ТФТ прва обезбеди финале во кошаркарскиот Куп на Македонија, откако вечерва во првото полуфинале ја совлада Академија ФМП Навико со 94:72.

Ова е прво финале во историјата за ТФТ. Екипата од скопската населба Тафталиџе се покажа како подобра од онаа кој функционира во Кисела Вода.

Во утрешното финале закажано за 19:30 часот, ТФТ ќе се соочи со поуспешниот од МЗТ Скопје Аеродром – Феникс кој вечерва ја оправда фаворитската улога и го совлада тимот на Феникс со 76:66.

Претходно, во женското финале ќе играат Кам Баскет и Бадел.

Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“ се игра во СРЦ „Кале“ во Скопје