Connect with us

Кошарка

МЗТ Скопје подобар од Пелистер во македонската пресметка во АБА2 лигата

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром триумфираа попладнево во „македонското дерби“ против Пелистер со 80-64 (51-38) во АБА 2 лигата и ја запишаа втората победа во третиот натпревар во новата сезона.

Пелистер подобро го отвори натпреварот и поведе со 26-18 по првата четвртина, но актуелниот македонски шампион брзо ги среди своите редови и веќе на полувреме имаше висока предност од 13 кошеви.

На стартот на четврта четвртина МЗТ Скопје поводе со уште повисоки 71-54 и рутински го проведе натпреварот до самиот крај.

Во отсуство на повредениот Мекиќ, најефикасен во редовите на МЗТ Скопје беше Црногорецот Милошевиќ со 29 поени.

Следен противник на МЗТ Скопје ќе биде домаќинот на вториот „балон“ сезонава во регионалната лига Осиек, в петок, додека истиот ден Пелистер ќе игра против Војводина.

 

 

Реклама

Facebook

Реклама