Connect with us

Кошарка

МЗТ Скопје поразен од Игокеа на домашен терен, опстанокот под знак прашалник?!

МЗТ Скопје доживеа пораз од Игокеа на домашен терен од 78:84 со што остана закован на последното место на табелата со 26 бодови. Клучни во поразот беа првата и последната четвртина каде Игокеа направи разлика, па минималната позитива во втората и третата четвртина не му помогна на МЗТ Скопје да избегне пораз. Најефикасен во тимот од Аеродром беше Миќовиќ со 18 поени, додавајќи уште 8 скокови и 2 асистенции, зад него беа Вер со 17 уфрели коша и Војдан Стојановски со 15. На спротивната страна Ѓорѓевиќ уфрли 19 поени.

Advertisement