Connect with us

Кошарка

МЗТ Скопје поразен од Широки Бријег, не обезбеди бараж за елитното натпреварување

Широки ТТ Кабели го победи МЗТ Скопје Аеродром во последниот натпревар од регуларниот дел од сезоната 2023/24 НЛБ АБА Лига 2 и затоа се закити на 4-та позиција на поредокот.

Од друга страна, МЗТ Скопје Аеродром на петтото место го заврши настапот од 2023/24 НЛБ АБА лига 2, што значи дека пресметката на овие две екипи ќе ја гледаме веќе во четвртфиналето на претстојниот плеј-оф.

Широки ТТ Кабели победи на денешниот натпревар, но за малку ќе бевме сведоци на еден од најголемите камбекови во историјата на натпреварувањето. Домаќините на последниот регуларен турнир имаа предност од 19 поени, на само две и пол минути до крајот на натпреварот – 80:61.

Но, тогаш МЗТ Скопје Аеродром направи серија од 16:0 за намалување на разликата на само 3 поени – 80:77, додека скопската екипа имаше дури две шанси да го израмни резултатот во последните 10 секунди од играта! Сепак, најпрвин Харис Делалиќ промаши тројка при резултат 80:77, додека во последната секунда од натпреварот при резултат 82:79, обидот за 3 поени го промаши и Марко Миловановиќ, кон можеше да го однесе мечот во продолженија.

Advertisement