Connect with us

Други спортови

Н: Ѓоковиќ по шести пат “ИТФ светски шампион“

Светскиот тениски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ е прогласен за најдобар тенисер во 2018 година во изборот на Меѓународната тениска федерација (ИТФ). Наградата “ИТФ светски шампион#, српскиот тенисер ја добива по шести пат во кариерата со што се изедначи со Американецот Пит Сампрас.

За Новак Ѓоковиќ годинашното признание има посебно значење, бидејќи доаѓа во сезоната во која имаше извонредно враќање на врвот на АТП листата.

– Почестен сум што повторно сум прогласен за ИТФ светски шампион. Посебно сум горд на овој успех после се што поминав физички во оваа година, но дел од мене секогаш веруваше дека можам да се вратам на врвот. Многу сум среќен што му се придружив на Пит Сампрас, освојувајќи ја по шести пат наградата – изјави Новак Ѓоковиќ.

Во текот на 2018 година, Србинот триумфираше на Вимблдон и на САД Опен со што стигна до 14. гран-слем титули во кариерата. Со повеќе гран-слем титули во светскиот тенис може да се пофалат само Роже Федерер (20) и Рафаел Надал (17).