Connect with us

Фудбал

На „Алијанц Арена“, најпотценетиот играч на денешницата сепак не е чудотворец

Published

on

Не е честа појава играчите кои се одлични многу години и со своите одлични игри на клубот му носат победи и титули

Долги години, Кејлор Навас е во сенка на другите голмани. Мануел Нојер, Јан Облак, Марк-Андре Тер Штеген, Алисон, Едеронс и други често се ставаат во преден план, а за Костариканецот најмалку се зборува.

Сепак, Навас тивко молчи, работи и брани феноменално. Неколку пати ја освои Лигата на шампионите со Реал Мадрид и никогаш не се сметаше за најдобар голман на светот.

Тој сега е во ПСЖ и е подобар од кога било. Во осминафиналето го одбрани пеналот за Лео Меси, а вечерва ги полудува играчите на Баерн.

Во првото полувреме, Навас имаше серија чудесни интервенции, а се истакнаа одбраните на Павард и Горецки, кои беа на навистина одлични позиции.

Дека Навас не е чудотворец покажува ситуацијата во 37. минута кога погоди со глава на Чупо-Мотинг.

Facebook