Фудбал
На Азар му „пукна филмот“ на клупата: Белгиецот му го направи на Анчелоти тоа што ниту еден играч досега не му го направил!
На Еден Азар изгледа му е преку глава од се што му се случува во Реал Мадрид.
На крајот од минатата сезона тој најави останување со порака дека новата сезона ќе биде негова, но ситуацијата не е променета иако навидум е здрав.
Карло Анчелоти очигледно не е задоволен од белгискиот фудбалер, а играчот кој е платен повеќе од 100 милиони евра е далеку од првиот тим.
Во првите два натпревари од новата сезона во Ла Лига шанса доби од клупата, додека дуелите против Еспањол и Бетис ги следеше од клупата за резервни играчи. Поточно се загреваше, но не доби шанса за игра.
Токму на дуелот против Бетис ги загуби нервите и очигледно исфрустриран од се што му се случува почна да го коментира Карло Анчелоти и неговите потези.
„Секогаш исти замени, секогаш“, може да се види очигледно изнервиран Азар како му вели на Лукас Васкез, кој од другата страна само молчеше.
Eden Hazard to Lucas Vazquez during Betis game: “Always the same substutions.”
— Hazard Xtra. (@HazardXtra) September 5, 2022
Анчелоти е тип на тренер кој ја држи под контрола соблекувалната и има одлични односи со своите играчи, а досега не се случило играч на Реал на ваков начин да коментира за трофеен тренер.
Сосема е јасно дека Азар никогаш нема да биде на исто ниво како што беше во Чеслеј. За се може да се обвинува себеси, но за бројни повреди.
Во новата сезона влезе физички подготвен и решен да покаже дека може да игра за Реал. Сигурен сум дека новата сезона ќе биде моја, не се сомневам во тоа“, изјави тој по освојувањето на Лигата на шампионите, но засега ништо не се менува.
Од доаѓањето во Реал пред три години, Азар има забележано дури 15 повреди, успеа да забележи само 68 настапи. Во последната сезона само осум пати беше стартер, додека практично целата нокаут фаза од Лигата на шампионите беше прескокната поради повреди. Тој беше на клупата во финалето против Ливерпул.