Connect with us

Фудбал

На еден месец пред клучниот дуел против Македонија, претседателот на ФС на Косово оди во затвор

Македонија и Косово на 26 март во Скопје ќе го одиграат полуфиналниот меч од рамките на Лигата на нации, кој е еден вид алтернативен пат до Европското првенство покрај квалификациите. Точно еден месец пред овој важен меч фудбалско Косово го тресе скандал.

Имено, Апелациониот суд во приштина ја потврдил првостепената пресуда за претседателот на Фудбалскиот сојуз на Косово Агим Адеми. Тој е осуден на деветмесечна затворска казна, бидејќи во 2012-та година на својот бизнис соработник му наложил на општински службеник да плати 30 илјади евра или да му купи нов автомобил за да добијат фалсификувани документи за недвижнини.

Неговиот пријател Мухарем Рама е осуден на една година.

Адеми стана претседател на Фудбалскиот сојуз на Косово во јули 2018-та година по смрта на Фадиљ Вокри. Од 2000-та година беше потпретседател на Сојузот.