Connect with us

Фудбал

На Евро 2024 само капитените ќе можат да зборуваат со судиите

За време на Европското првенство летово во Германија, само капитените на тимовите ќе смеат да зборуваат со судиите.

Редовните играчи кои нема да го почитуваат ова и ќе се расправаат со судијата веднаш ќе бидат казнети со жолт картон, најави претседателот на Судиската комисија на УЕФА, Роберто Розети.

Ова е мерка која сезонава беше воведена и во Премиер лигата.

Advertisement