Connect with us

Фудбал

На фановите не им е јасно зошто Роналдо не тренираше вчера, но се знае каде се наоѓаше во тој момент

Фудбалерите на Јувентус ќе се борат за место кое води во Лигата на шампионите до крајот на сезоната, што никој не можеше да го очекува пред неколку месеци.

По девет години доминација, Старата дама ќе остане без Скудетото, но никој не очекуваше дека ќе треба да се борат за место кое ќе доведе до Лигата на шампионите на крајот од сезоната.

Јуве во моментов е на 5. место на табелата и на три кола пред крајот на Серија А има бод помалку од Наполи пред себе. Старата дама доживеа дебакл дома за време на викендот, бидејќи Милан победи со 3:0.

Фудбалерите на Јувентус вчера тренираа по поразот од Милан, но многумина видоа дека Кристијано Роналдо не беше присутен.

Португалецот се најде под големи критики по натпреварот против Росоњери затоа што потполно потфрли. На навивачите не им беше јасно зошто Роналдо не тренираше вчера, но наскоро пристигна објаснување од клубот.

Имено, првиот човек на овој клуб Андреа Ањели реши со Роналдо да ја посети фабриката на Ферари лоцирана во Маранело.

Затоа португалскиот фудбалер го пропушти вчерашниот тренинг бидејќи исполни некои други обврски кон клубот. Фудбалерите на Јувентус ќе бидат на теренот утре кога ги чека гостувањето кај Сасуоло.

Покрај натпреварот против Сасуоло, тимот на Јувентус ќе игра против Болоња и Интер до крајот на оваа сезона.

Во случај да не се пласираат во Лигата на шампионите, овој клуб очекува загуба од дури 100 милиони евра. Исто така, во тој случај, Роналдо веројатно ќе бара нов клуб затоа што сигурно не планира да игра во Лига Европа на крајот од својата кариера.