Connect with us

Други спортови

На Франција му припадна драмата против Швајцарија, Португалија и Словенија сигурни

Published

on

Французите ја остварија и третата победа на Светското првенство во Египет, но далеку потешка од очекувањата.

Франција беше огромен фаворит против Швајцарија, но на крајот славеше со 25:24, а Швајцарецот имаше реми во раката се до последните секунди.

Многу тешко, но Франција сепак дојде до третата победа, со која го потврди првото место и пласманот во второто коло.

Махе беше најефикасниот француски играч со осум голови, додека Мем, Абало и Дескат постигнаа по три гола. Шмид ја предводеше Швајцарија со 10 голови, Сидорович постигна пет, а Милошевиќ четири.

Португалија беше убедлива против Алжир (26:19) и тоа беше трета победа на Португалците.

Словенија ја забележа втората победа, бидејќи ја совлада Белорусија со 29:25. Јанц беше најефикасен словенечки играч со осум голови, а Доленц постигна гол помалку.

Беше прилично возбудливо на дуелот помеѓу Шведска и домаќинот Египет, но скандинавците славеа со 24:23. Персон беше најефикасен кај Шведска со осум голови, додека Ване постигна пет. Кај Египет најефикасни беа Санад кој постигна осум погодоци, а Омар шест.

Advertisement

Facebook