Connect with us

Фудбал

На фудбалер на Арсенал едно ноќно излегување му го уништило животот, испил пијачка и потоа три години не застанал на нозе!

Поранешниот фудбалер на Арсенал, Даниел Кејн (23) своевремено важеше за многу перспективен фудбалер на академијата на лондонскиот клуб, но целиот негов живот се сврте за 180 степени по едно ноќно излегување. Срцето на Кејн пред три години престана да чука поради хемиска супстанца која некој му ја ставил во пијалокот за време на ноќно излегување, а само поради брзата и сталожена реакција на неговите пријатели кои повикале брза помош, тој се уште е жив.

Лекарите го оживувале половина час и срцето повторно почнало да чука, но бидејќи долго време бил без кислород – тоа за жал предизвикало бројни оштетувања на виталните органи. Тој поминал дури 25 дена во кома, а оштетувањето на мозокот и ‘рбетниот мозок на крајот предизвикало парализа на долната половина од телото.

Кога се разбуди, Даниел не можеше да се движи.

Даниел останал во болниците речиси две и пол години, по што бил префрлен на домашно лекување. Сепак, му треба 24-часовно внимание и затоа повикаа луѓе да му помогнат. Преку фондацијата „GoFundMe“ собираат донации за неговото закрепнување да оди во вистинска насока, па се надеваат дека еден ден би можел и повторно да прооди. Прогнозата на лекарите не е особено оптимистичка, но семејството не губи надеж.

“Постепено се враќа и мислам дека ситуацијата се подобрува секој ден. Тој се уште се сеќава на работите од детството,  што е добра вест…”, изјавила мајката на Даниел Кејн која се грижи за него.