Connect with us

Фудбал

На големо разочарување на сите играчи на Јунајтед, Тен Хаг воведе правило кое „умре“ со заминувањето на Фергусон

Иако можеби се навикнати да спијат малку подолго, играчите на Манчестер Јунајтед сепак ќе мора да ги променат своите навики.

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг очигледно сака да воведе целосна дисциплина во тимот, па врати некои стари навики кои датираат од времето на Сер Алекс Фергусон.

Тен Хаг во понеделникот го одржа првиот тренинг во Манчестер, со голем број играчи од првиот тим, како и со играчи до 21 година кои ќе ги одработат подготовките со сениорите.

Холанѓанецот пристигна во Тренинг центарот на Јунајтед околу 8 часот наутро, веднаш по враќањето на помошникот шеф Стив Мекларен. Првиот ден, група играчи пристигнаа во 9:30 часот наутро, некои пристигнаа дури во 11:30 часот. Многумина беа на задолжително медицинско тестирање кон крајот на минатата недела и вежбаа во теретана пред да ги дочека напорниот почеток на тренинзите.

Вториот ден, вторник, Тен Хаг им нареди на сите играчи да бидат во Карингтон точно во 9 часот, а токму во тоа време играчите мораа да доаѓаат на секој утрински тренинг со Алекс Фергусон, кој мина 26 години во Манчестер, инсистираше на тоа дека секој мора да се придржува до правилата и да биде дисциплиниран и посветен на својата работа.

Под водство на поранешниот менаџер Оле Гунар Солскјер, на играчите им беше дозволено да дојдат во 10 часот или подоцна, но тоа, судејќи според резултатите, беше лош потег.

Манчестер Јунајтед ќе направи претсезонска турнеја во Бангкок, ќе одигра пријателски натпревар со Ливерпул, а потоа ќе се сретне со Мелбурн, Кристал Палас и Астон Вила во Австралија. Подготовките ќе завршат со дуели со Атлетико Мадрид и Рајо Ваљекано, кои на 31 јули ќе играат на „Олд Трафорд“.