Connect with us

Други спортови

На Инстаграм профилот на Брајант се појави порака два месеци по неговата смрт

Сите обожаватели на Коби Брајант беа изненадени кога неговиот профил на Инстаграм беше ажуриран два месеци по неговата смрт.

Брајант трагично загина во хеликоптерска несреќа, неговото заминување имаше влијание врз сите сфери на животот, а со оглед на сè што направи во кариерата, легендарниот кошаркар остави зад себе големо наследство.

Два месеци по неговата смрт, поранешниот играч на ЛА Лејкерс повторно се најде во центарот на вниманието на медиумите, а за тоа е виновна Ванеса Брајант за објавувањето на Инстаграм.

Поточно, Ванеса на официјалниот профил на Брајант објави кратко видео во кое се промовира книгата „The Wizenard Series: Season One“ како продолжение на претходната книга „The Wizenard Series: Training Camp“

Со месеци пред неговата смрт, Коби работеше со сценаристот Весли Кинг на оваа книга. За жал, Брајант не го поздрави продолжението на книгата за авантурите на главниот лик Реџи.