Фудбал
На Јунајтед ништо не му оди од рака: Сосема случајно го објавија името на новиот тренер
Манчестер Јунајтед од вчера е без менаџер откако му беше врачен отказ на португалскиот стручњак Жозе Мурињо.
Раководството на тимот од „Олд Трафорд“ најави дека во наредните 48 часа ќе го открие името на новиот менаџер кој до крајот на сезоната ќе го води тимот, а како што стојат работите тоа ќе биде легендарниот фудбалер на „Црвените ѓаволи“ Оле Гунар Солскјер.

Сосема случајно тимот од Манчестер ја објави оваа вест на службената страница, а откако навивачите почнаа да ја споделуваат, набрзо беше избришана.
Дали навистина 45-годишниот норвешки тренер ќе ги води „Црвените ѓаволи“ во остатокот од сезоната, ќе дознаеме наскоро, но Јунајтед докажа дека во оваа сезона ништо не му оди од рака, па ни објавата со името на новиот менаџер.

Солскјер во кариерата ги водеше резервите на Јунајтед од 2008. до 2010. година, а потоа го презеде Молде со кој освои две шампионски титули и Куп.
На островот кратко го водеше Кардиф во 2014. година, но набрзо доби отказ.