Фудбал
На Јувентус повторно му се заканува исфрлање во Серие Б?! Под истрага трансфери, но и платата на Роналдо
Финансиска полиција влезе во клупските простории на Јувентус. Како што е познато, Италијанското обвинителство води истрага за 42 сомнителни трансфери во Италија, а меѓу нив се и некои трансфери на Јуве, пред се размената на Миралем Пјаниќ со Артур Мело со Барселона.
Сомневањата се дека се поставен нереални вредности кои помогнале Јувентус да ги израмни сметките.
Се шпекулира и дека под лупа е еконоската соработка со Роналдо. Главните осомничени се претседателот Андреа Ањели, потпретседателот Павел Недвед, како и спортскиот директор Фабио Партичи кој сега е во Тотенхем.
Како што пишуваат италијанските медиуми, доколку се утврди нелегално работење, тогаш најтрофејниот италијански тим се соочува со парична казна, одземање на бодови и она најлошото, исфрлување во Серие Б.