Други спортови
На кого му се поклони Новак Ѓоковиќ по поразот во финалето на Вимблдон? (ФОТО)
Новак Ѓоковиќ е поразен во финалето на Вимблдон од Карлос Алкараз, младиот тенисер чие време допрва доаѓа и кој со овој триумф ја прекина неверојатната 20-годишна доминација на овој турнир на Роџер Федерер, Надал, Ѓоковиќ и Енди Мареј.
Но, еден детаљ е интересен и се споделува на социјалните мрежи. Имено, Новак Ѓоковиќ се поклони на Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, сопруга на британскиот престолонаследник, принцот Вилијам. Токму таа му ја врачи наградата за второто место.
