Connect with us

Фудбал

На кој друг му се слади дебаклот на Јунајтед?

Некои во Англија едвај го дочекаа понижувањето на Манчестер Јунајтед, а тоа не се навивачите на Ливерпул…

Во неделата на „Енфилд“, Манчестер Јунајтед го доживеа најтешкиот пораз во историјата на Премиер лигата, Ливерпул славеше со неверојатни 7:0.

Пирс Морган , познатиот англиски новинар чие контроверзно интервју со Кристијано Роналдо минатата година предизвика вистинска лавина во англискиот фудбал, која кулминираше со прекин на соработката меѓу Португалецот и славниот клуб од Олд Трафорд, едвај го дочека тоа.

Во таа прилика беа кажани многу тешки зборови, а менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг тогаш изјави дека мирно спиел откако Кристијано Роналдо го напушти славниот клуб.

„Дали Тен Хаг веќе поднесе оставка? Како може секој менаџер на Манчестер Јунајтед да преживее без да добие отказ по ваков катастрофално страшен резултат?“, јавно се запраша Пирс Морган на социјалните мрежи.

Следеа дополнителни твитови, како „Интересно, карма“, како и слика на Кристијано Роналдо со бројот 7 на грбот во врска со резултатскиот дебакл на „Енфилд“.