Connect with us

Фудбал

На Конте му се насмевнува нов тренерски ангажман

Конте е без ангажман откако во средината на јули 2018. година доби отказ во Челзи, а иако во меѓувреме неговото име се поврзуваше со неколку клубови, се до денеска нема ништо од новиот ангажман.

Медиумите во Италија сега тврдат дека не е исклучено конте да се врати во Серија А, затоа што во случај Интер да се збогува од сегашниот тренер Лучијано Спалети токму тој ќе биде главниот кандидат за негов наследник.

Своевремено Конте со голем успех работеше во Италија, токму тој ја започна доминацијата на Јувентус во Италија, а во Торино соработуваше и со сегашниот спортски директор на Интер Марота, кој наводно се залага за неговиот ангажман.

Интер во следната сезона планира конечно да ја прекине ерата на Јувентус, а доколку некој знае како се освојуваат титулите во Серија А, тогаш тоа е Конте.

Конте пред Јувентус во Италија ги водеше Арецо, Бари, Аталанта и Сиена, истоа така беше селектор и на Италија, а последниот ангажман го имаше во Челзи.