Фудбал
На Конте за елиминацијата му се виновни новинарите!
Интер е најголемото разочарување во ЛШ оваа сезона. Не успеа ниту да ја мине групата, откако заврши на последното место зад Реал, Менхенгладбах и Шахтјор и тоа со само една победа во групната фаза и освоени шест бодови.
По мечот тренерот на тимот, Антонио Конте влезе во вербална расправија со новинарите.
„Како Интер одигра 0-0 со Шахтјор и дома и гости кога во август во полуфинале од Лига Европа го победи со 5-0?, беше едно од прашањата, на што Конте одговори.
-Тие загубија со 5-0, па затоа се променија. Размислувај пред да поставуваш прашања.
Другото прашање беше зошто измените ги направил доцна. Како што се знае овој меч беше се или ништо, бидејќи само победа го носеше Интер во нокаут фазата, но Конте направи тројна измена дури во 85-та минута, а претходно во игра ги внесе Санчез и Перишиќ во 69-та односно 75-та минута. На ова Конте одговори на новинарот, зошто тој не биде тренер.
Статистиката на Конте е очајна во ЛШ. Имено тој на последните 15 средби како тренер на Интер и Челзи има само три победи и тоа против Борусија Дортмунд 2-0 (2019), Славија Прага 3-1 (2019) и Борусија Менхенгладбах 3-2 (2020).