Connect with us

Кошарка

На кошаркарите на Фенербахче им доцнат платите

Турските кошаркари на Фенербахче играа многу променлива игра оваа сезона, сè додека коронавирусот не ги прекина сите кошаркарски натпреварувања.

Во сезона обележана со неочекувани и шокантни порази, се чини дека кошарката не е единствената причина за лошата форма.

Според турскиот портал „Хуријет“, на играчите на Фенер платата им касни повеќе од два месеци, додека во исто време се зборуваше дека тренерот Радовиќ цело време и без одлагање примал договорни рати.

Оваа сезона фудбалерите на овој клуб минуваа и преку финансиски проблеми, па се чини дека ова се одрази и10 во кошарката.