Connect with us

Фудбал

На Манчестер Јунајтед му се допадна замената на Де Хеја

Екипата на Манчестер Јунајтед е заинтересирана за голманот на Астон Вила, Емилијано Мартинез. Аргентинскиот интернационалец се покажа како еден од најдобрите голмани во Премиер лигата откако во 2020 година се пресели во Вила Парк од Арсенал.

Затоа скаутите на „црвените ѓаволи“ ги следат неговите настапи и размислуваат за понуда за него на „Олд Трафорд“, пишува „Дејли Стар“.

Моментално број 1 во рамките на Манчестер Јунајтед е Давид Де Хеја, кој е во одлична форма оваа сезона и не остава никакви шанси за Дин Хендерсон. Сепак, Шпанецот веќе има 31 година и неговиот договор е до јуни 2023 година. „Црвените ѓаволи“ на лето ќе треба да одлучат дали ќе му понудат нов договор или ќе го продадат за повеќе пари. Доколку дојде до разделба, клубот ќе се фокусира на Мартинез.

Воедно се очекува Дин Хендерсон да побара трансфер за време на зимската пауза. Не е среќен што е солидна резерва на „Олд Трафорд“ и сака да замине во тим каде што игра редовно. Дури тогаш ќе може да ја врати формата и да се надева дека ќе добие повик за репрезентацијата на Англија за Светското првенство во Катар следната година.

Покрај Емилијано Мартинез, цел на Манчестер Јунајтед е и голманот на Лидс Јунајтед, Илан Мели.