Фудбал
На Манчестер Јунајтед му требаат сериозни засилувања – ова се двата приоритетни трансфери
Настапите на Манчестер Јунајтед оваа сезона се под секое очекување кое можевме да го имаме пред почетокот. Повеќе од очигледно е дека потребни се сериозни засилувања за тимот. Засилувања кои ќе го изнесат на вистински пат.
Информациите или шпекулациите одат до таму дека Јунајтед е подготвен повторно рекорден трансфер дефанзивец по примерот на Хери Мегвајер минатото лето, но овој пат за Калиду Кулибали од Наполи.
Стоперот долго време е желба на Јунајтед, но се чини дека идното лето ќе има и офицјална понуда до Наполи. Вториот играч кој исто така е приоритет е Деклан Рајс од Вест Хем. Младиот фудбалер од средниот ред игра импресивно сезонава и веќе наредната би требало да го облече дресот на Јунајтед.