Фудбал
„На Мбапе и Нејмар им треба играч како мене“
Андер Ерера утре ќе има посебен натпревар бидејќи неговиот ПСЖ во Лигата на шампионите игра против поранешниот клуб Манчестер Јунајтед, каде помина пет сезони.
Ерера има убави спомени од Манчестер, но сега е фокусиран на натпреварите во дресот на францускиот шампион.
„Што се однесува до историјата на Манчестер и ПСЖ, не можете да споредите 142 години историја (Манчестер) со 42 (ПСЖ), но начинот на раст на ПСЖ во последните години е спектакуларен. За 50 години, мислам дека не може да се спореди со друг тим на начин што стана еден од најдобрите во Европа“, рече играчот за врска.
За sвездите на тимот на ПСЖ, Андер Ерера додаде:
„Имаме големи sвезди во нашиот тим. Но, без желба да делуваа многу умешно, на играчи како Мбапе или Нејмар им требаат играчи како мене за да им помогнат да бидат најдобри. Не може секој играч да игра со некои од најдобрите играчи во светот“.
33-годишниот играч одлично се вклопи во ПСЖ и редовно играше на натпревари од Лига 1 оваа сезона, а утре го очекува натпреварот против поранешниот клуб во Лигата на шампионите.