Поврзи се со нас

Фудбал

На мечот против Специја, Буфон покажа што значи да се почитува соиграч

Џанлуиџи Буфон бранеше против Специја по 651 пат во Серија А и дополнително го подобри својот рекорд.

Буфон е вистинска легенда на Јувентус, а на крајот од натпреварот против Специја покажа што значи да се почитува соиграч.

Откако Леонардо Бонучи ја напушти играта, се поставуваше прашањето кој ќе ја земе капитенската лента. Логичен избор би бил Буфон со оглед на тоа што ова е негова 19-та сезона во дресот на Јувентус.

Сепак, 42-годишниот голман му ја подари капитенската лента на Хуан Куадрадо бидејќи Колумбиецот во моментов има подолга кариера без пауза во торинскиот клуб.

Имено, Буфон сезоната 2018/2019 ја помина во ПСG, по што се ослободи и се согласи да се врати во редовите на „бјанконерите“.

Дури и тогаш, Џорџо Киелини му ја понуди капитенската лента на Буфон, но легендарниот Италијанец ја одби понудата. Тој не го зеде ниту дресот со бројот 1, па на грбот го носи дресот со број 77.

loading...

Facebook