Connect with us

Фудбал

На Мундијалот не одигра ниту една минута, но си замина дома облечен во дресот на Меси (ВИДЕО)

Австралија се претстави добро на Светското првенство во Катар и покрај тоа што во осминафиналето загуби од Аргентина со 2-1.

Некои од играчите по мечот сакаа да разменат дресови со Меси, а многумина сакаа и да се сликаат со него.

Среќниот беше 24-годишниот Камерон Делвин, кој чекаше Лео да ја добие наградата за играч на натпреварот пред да ги заменат дресовите.

Интересно е тоа што Камерон Делвин не одигра ниту една минута во Катар, но се врати дома со драгоцено сеќавање.