Connect with us

Тајмаут

На оваа тениска убавица не и дозволиле да се качи во авион, причината е навистина банална и дискриминирачка (ФОТО)

Необичното искуство Виталијa Дјаченко сподели на социјалните мрежи. И се случило нешто, за кое верувала дека е невозможно да се случи во современиот свет. Атрактивната и убава руска тенисерка Виталија Дјаченко, моментално на 250. место во светот, тврди дека била дискриминирана поради нејзината националност од полската авиокомпанија „Лот ерлајнс“.

Нејзината приказна веднаш стигна до светските медиуми, а многу луѓе ја споделија на социјалните мрежи.

Едноставно е неверојатно да се случуваат вакви работи. Руските и белоруските спортисти се под строги санкции од светските спортски организации, а тенисерите се меѓу ретките на кои им е дозволено да се натпреваруваат. Своето искуство го споделила на Инстаграм каде напишала што точно и се случило. Требаше да лета од Каиро до Ница, преку Варшава… Требаше да има друг наместо руски пасош.

„Денес Лот ерлајнс (полска авиокомпанија) ми одби лет за Корзика на релација Каиро-Варшава-Ница, бидејќи сум сопственик на руски пасош. Правилото на авиокомпанијата е дека не дозволува Русите да се качат во авионот! ”