Фудбал
На плоштад само неколкумина фудбалери, УЕФА забрани!
На плоштадот во Скопје на големо се очекува пристигинувањето на фудбалерите. Но публиката барем за момент ќе остане разочарана, оти таму ќе се појават само неколкумина.
Тоа е така поради строгите ковид протколи на УЕФА. Начинот на групирање со луѓе од надвор од тимот УЕФА не го дозволува.
Македонија во вторник го игра последниот и најважен натпревар од квалификациите за Светско првенство.