Connect with us

Ракомет

На Поповски може сериозно да се смета

Младиот, Мартин Поповски ракометар на Пролет во изминатата недела покажа и докажа дека на него може сериозно да се смета во идните натпревари.

Не само во изминатата недела. Тој зад себе има успешни настапи на две Европски првенства и на едно Светско.

Брестовац во квалификациските дуели со Турција и Грција не планираше на него, и тој не се најде меѓу 16-те играчи. Но изминатава недела, дадениот простор Поповски максимално го искористи. Покрај реализираниот пенал, неколкуте акции, тој ја донесе и победничиот гол против Грузија.

Талентот на Поповски редакцијата на SPORTM.mk го препозна многу порано, реализиравме и интервју со него. Во продолжение може да го читате.

ИНТЕРВЈУ со Мартин Поповски: За прв пат осетив едно зближување, поврзаност, гордост кај сите…