Фудбал
На поранешниот фудбалер сите му се смеат, промашил буквално се во Лигата на шампионите (ВИДЕО)
Спектакуларните натпревари од четврт-финалето на Лигата на шампионите завршија во средата навечер со изведување пенали. Реал Мадрид во полуфиналето ќе игра против Баерн Минхен, а ПСЖ против Борусија Дортмунд.
Пред првите натпревари многу луѓе ги даваа своите прогнози за тоа кој може да продолжи, Мика Ричардс успеа да ги победи сите. Тиери Анри, Џејми Карагер и тој заедно со водителката Кејти Абдо работат за „CBS Sports“ и сите ги дадоа своите прогнози за четврт-финалето на елитното натпреварување, поранешниот играч на Манчестер Сити немаше ниту еден погоден исход..
Micah Richards went 0/4! 🤣 pic.twitter.com/HrmM0pIvhx
— EuroFoot (@eurofootcom) April 18, 2024
Во сите четири пара го избра тимот кој на крајот беше елиминиран. Да резимираме, на дуелот помеѓу Арсенал и Баерн, тој го избра англискиот тим, па во двомечот со Реал го избра Манчестер Сити, а од друга страна Атлетико Мадрид пред Дортмунд и Барселона пред ПСЖ. Успеа нешто што е речиси невозможно, да има 0/4 …
Видеото стана вирално на социјалните мрежи, многумина се шегуваат на негова сметка, некои пишуваат дека направил нешто што изгледа статистички невозможно. Ричардс во својата кариера настапуваше за Манчестер Сити, Фиорентина и Астон Вила, додека за англиската репрезентација одигра 13 натпревари. Играше на позицијата десен бек.