Фудбал
На повидок „бура“ во Манчестер Јунајтед, Роналдо договара сензационален трансфер, 12 фудбалери заминуваат?!
Како што стојат работите веројатно вистинска бура се очекува во тимот на Манчестер Јунајтед. Англиските медиуми пишуваат дека Роналдо договара сензационален трансфер. Наводно се спомнува Интер Мајами, каде што сопственик е легендарниот Дејвид Бекам. Сепак, прашање е дали Роналдо сака да го напушти европскиот фудбал во година кога има Светско првенство.
Но, освен Роналдо и многуи други имиња ќе бидат на трансфер листа. Покрај Роналдо, како слободни играчи клубот ќе го напуштат Пол Погба, Џеси Лингард, Единсон Кавани и Хуан Мата.
Останатите на оваа листа, според „Сан“ се: Хари Мегваер, Виктор Линделоф, Ерик Баи, Фил Џонс, Мејсон Гринвуд, Том Хитон и Ли Грант. На листата ке се најде и Маркус Рашворд.