Фудбал
На повидок нова голманска трампа, релацијата е Милано – Париз
Пред неколку дена Барселона и Валенсија ги разменија голманите – Силесен ќе ја чува мрежата на Лилјаците, додека Нето ќе биде замена за Тер Штеген. Сега повторно може да се случи голманска трампа на трансфер пазарот, овојпат на релација Милано – Париз.
Имено, ПСЖ сака да го вклучи Алфонс Ареола во трансферот на чуварот на мрежата на Милан, Џанлуиџи Донарума. Росонерите го проценуваат италијанскиот голман на 50 милиони евра, а со оглед на тоа дека Светците би го продале Ареола за 30 милиони, го додадоа Французинот заедно со дополнителни 20 милиони евра во понудата која стигна во таборот на Милан.
Ексспортскиот директор на Милан Леонардо, кој сега раководи со трансферите на ПСЖ силно притиска да се оствари овој ангажман, што се совпаѓа со плановите на седумкраниот европски првак во намерата да се соберат средства за нови летни засилувања.
.