Фудбал
На повидок сензација, Луис Суарез би можел да се врати во Барселона?!
Луис Суарез би можел да се врати во Барселона. Оваа вест ја „лансираа“ неколку шпански медиуми. Ова секако е сензација, ако се знае како Суарез беше истретиран кога заминуваше од клубот, иако тоа беше против негова волја. Но, сега каталонците имаат нов тренер. Тоа е легендата Чави, кој секако има поинакви размислувања и погледи за разлика од Куман, кој сметаше дека Суарез е престар за Барселона.
Суарез во првата сезона откако од Барса замина во Атлетико, ја освои шампионската титула, а токму тој беше еден од најзаслужните бидејќи беше најдобриот стрелец на тимот.
Оваа сезона има седум голови. Се уште има договор со Атлетико Мадрид, но според последните случувања, имаше вербален конфликт со тренерот Диего Симеоне, па можна е разделба. Барселона секако е во потрага по напаѓач, а со Суарез би добила квалитет, искуство, за малку пари.