Connect with us

Фудбал

На ПСЖ му претстои тешка казна

Исфрлање од европските турнири му се заканува на францускиот гранд ПСЖ. Причината се новите правила за финансиски фер-плеј, кои ги воведе УЕФА за клубовите во сопственост на држави. Според нив, тимовите можат да добијат и до 200 милиони евра за да избегнат преголеми загуби.

Доколку дојде до прекршок, се изрекуваат казни, кои може да се движат од ограничување на бројот на пријавени играчи до повлекување од европските клупски турнири.

ПСЖ веќе има добиено 200 милиони евра од Qatar Sports Investments, но ова надополнување на буџетот на „кнезовите“ е недоволно за клубот да има позитивен финансиски биланс. За да влезе во нормите, раководството на клубот мора да продаде играчи за 100 милиони евра до јуни 2022 година, пишува „Тим“.

На „Парк де Пренс“ веќе сериозно работат на излезни трансфери на дел од нивните периферни играчи. На продажната листа се Јулијан Дракслер, Рафиња, Серхио Рико, Тило Кирер, Абду Диало, Лавин Курзава и Мауро Икарди.

Има интерес за многу од нив и би можел да се постигне договор во јануари.