Connect with us

Фудбал

На Реал Мадрид му се допадна синот на поранешен дефанзивец на Барселона

Реал Мадрид е заинтересиран за играчот од средниот ред на Ница Кефрен Турам, пренесува Sport.es. Кралскиот клуб го гледа 20-годишниот Французин како потенцијална замена за Касемиро.

Во сезоната 2021/22, Турам одигра 27 натпревари за Ница, постигнувајќи 3 гола и 2 асистенции. Порталот Transfermarkt.com ја проценува вредноста на играчот на 10 милиони евра.

Кефрен Турам е син на поранешниот дефанзивец на Барселона и Франција, Лилијан Турам.