Фудбал
На Светското првенство постигна три гола, а сега го чека трансферот на кариерата
Холанѓанецот Коди Гакпо постигна три гола на Светското првенство во Катар и сега е прв избор на Манчестер Јунајтед. На тренерот Ерик тен Хаг му недостига напаѓач по раскинувањето на договорот со Кристијано Роналдо, па 23-годишниот напаѓач на ПСВ стана прва мета.
Дејли Мејл пишува дека Гакпо ова лето веќе бил на листата на желби на Манчестер Јунајтед, но англискиот премиерлигаш решил да го доведе Бразилецот Ентони од Ајакс. Во меѓувреме понуди за него испратија Лидс Јунајтед и Саутемптон, но тој реши да остане во Холандија и да чека понуди од клубовите кои играат во Лигата на шампионите.
Се вели дека селекторот на Холандија, Луис ван Гал, исто така го советувал да остане во форма пред Светското првенство во Катар, каде Холандија стигна до четвртфиналето и ќе игра против Аргентина.
Тренерот на Јунајтед, Ерик тен Хаг и Гакпо имаат исти агенти, поради што се верува дека лесно може да се договори трансфер. Според Трансфермаркт, Гакпо вреди 45 милиони евра, а со ПСВ има договор до 2026 година. Сезонава на 29 клупски натпревари постигна 15 гола и асистираше на 18 од нив.
Дејли мејл пишува дека ПСВ очекува да добие повеќе од 50 милиони евра за Гакпо, со тоа што со задоволство би го продаде на лето, иако е свесен дека неговата вредност ќе скокне во зимскиот преоден рок, односно после Светското првенство.