Тајмаут
На теренот дилема, но на Инстаграм се знае, владее Роналдо
Двете најголеми фудбалски ѕвезди на денешницата, освен тоа што се вистински мајстори на теренот, претставуваат вистинска „сила“ и на социјалните мрежи. Помеѓу Лионел Меси и Кристијано Роналдо постојат дилеми кој е подобар. Но, кога станува збор за Инстаграм, тука нема дилеми. Португалецот е далеку подобар.
Роналдо има 190 милиони следбеници, а минатата година заработил неверојатни 47,8 милиони долари само од Инстаграм. Тоа го прави личност која најмногу заработила од социјалните мрежи во 2019 година.
Интересно е тоа што Роналдо заработил помалку од фудбалот, односно 34 милиони долари.
Има помош од својата девојка Џордана Родригез која има свои 15 милиони следбеници и кои заедно се многу активни на Инстаграм.
Што се однесува до Лионел Меси, тој е втор. Тој на Инстаграм има 140 милиони следбеници, а во 2019-та од социјалните мрежи заработил 23,3 милиони долари. Сепак, Меси заработил повеќе од фудбалот, односно настапите. Платата во Барселона му е 40 милиони долари.