Connect with us

Други спортови

Надал донесе одлука која ги изненади сите

Најдобрите тенисери во светот се подготвуваат за првиот Грен слем во сезоната, Австралија опен.

Годинешното издание започнува на 10 февруари, а сите натпреварувачи ќе мора строго да ги следат упатствата од властите и организаторите во врска со моменталната состојба околу коронавирусот.

На АО, Рафаел Надал ќе биде еден од кандидатите за освојување на турнирот во машка конкуренција, а пред турнирот во Мелбурн ги изненади сите свои фанови.

Шпанскиот тенисер потврди дека ќе игра на турнирот од серија АТП 500 во Ротердам, што е после Австралија опен, и ова ќе биде првпат по 12 години, Надал да учествува на турнирот во холандски град.