Connect with us

Други спортови

Надал лут: Вимблдон не го цени постигнатото на тенисерите во тековната сезона


Рафаел Надал нема да биде втор носител на Гренд слем турнирот на Вимблдон, иако на АТП листата е на втората позиција. Поради специфичниот начин на рангирање во кој организаторите на Вимблдон во предвид ги имаат и постигнатите резултати во последните две години на трева, Надал ќе биде трет носител, а неговото место на втор носител ќе го завземе Роџер Федерер.
Ваквиот распоред значи дека Надал во евентуалното полуфинале сигурно ќе игра или со Роџер Федерер или Новак Ѓоковиќ, секако ако нема изненадувања до тој дел од турнирот.
„Мислам дека не е во ред Вимблдон да биде единствениот турнир во светот кој си има свој начин на рангирање на носителите. Тоа не е вообичаено. Сепак, без разлика што не сум втор, туку трет носител, ќе мора да играм на најдобро можно ниво. Чувствувам дека сум подготвен да одам до крај“, најави Надал, кој се радуваше на последниот одржан гренд Слем и го освои трофејот на Ролан Гарос.
 

.

Извор: Sportmanija.mk