Други спортови
Надал нема да може да се судри уште еднаш со Федерер
Федерер петти пат едноподруго го совлада Надал во финалето на мастерсот во Шангај во неделата, а светскиот број 1 вели дека му е потребен одмор пред крајот на сезоната.
„Бев на прегледи во Шпанија по пристигнувањето од Кина и, за жал, морам да објавам дека нема да играм во Базел. Коленото доживеа премногу стрес последните две-три недели и лекарите ми советуваат одмор. Сакам да им пратам порака на фановите во Швајцарија каде што секогаш сум бил пречекан со почит и да им ветам дека ќе се видиме в година“, објави Шпанецот.
Бидејќи разликата меѓу Надал и Федерер на врвот на АТП-листата е намалена на 1.400 поени, ова му дава дополнителна шанса на Швајцарецот во трката за првото место на крајот на сезоната.