Connect with us

Други спортови

Надал со ортопедски помагала – навивачите во паника

Рафаел Надал им соопшти на своите фанови преку Инстаграм дека имал медицински третман на повреденото стапало на левата нога.

„Сакам да ви кажам дека сум во Барселона со својот тим лекари, со цел да добијам подобар третман кој ќе ме натера на неколку дена одмор и така ќе ме одвои од теренот на извесно време. Се враќам дома и го почнувам процесот на опораување“, напиша Рафаел Надал на Инстаграм.

Со оглед на тоа дека Надал во претходните месеци се бореше со многу повреди, голем број од неговите навивачи беа исплашени поради фактот дека може да го чека долга пауза.